Тричковски во тимот на сезоната на Кипар (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, Иван Тричковски сосема очекувано повторно е избран во тимот на сезоната на Кипар.

Сосема идентично како и претходните сезони, и оваа популарниот Тричко повеќе од заслужено е меѓу најдобрите 11 во кипарскиот шампионат.

Тричковски е веќе дел од фудбалската историја на Кипар со своите настапи претходно за АПОЕЛ, но и сега во АЕК Ларнака.

Се вчитува...