Ригорозна казна од УЕФА: Тригодишна суспензија за ФК Партизан доколку не се исплатат долговите

 На Европската куќа на фудбалот и здодеа да чека Партизан да ги исплати долговите кон неа, па на клубот му достави последно предупредување пред суспензија, јавуваат медиумите од нашиот сосед на северот.

Клубот во изминатиот период на своето конто има негативни средства од 360.000 евра кои треба да и ги исплати на УЕФА. Исплатата мора да биде завршена до крајот на месец јануари, во спротивно ќе следи тригодишна суспензија за клубот од сите клупски натпреварувања организирани од Европската куќа на фудбалот.

„Не станува збор за 2,6 милиони евра како што некои шпекулираат. Ова е заостанат долг од 360.000 евра кој минатиот месец го намаливме од 450.000 евра. Имаме 20 дена да го отплатиме, во спротивно автоматски ќе бидеме суспендирани. Дојде време за наплата и сè ќе биде исплатено“ – вели за „Мондо“, извршниот директор на клубот, Милош Вазура.

Се вчитува...