Трилерот на Кале со среќен крај за Работнички – центарци по продолжение го совладаа новалијата Феникс 2010

Работнички стигна и до втората победа во Првата лига откако во драматичен натпревар за кој беа потребни дополнителни пет минути славеше против Феникс со 94-90. Избраниците на Симиќ добро го започнаа натпреварот и во еден момент стигнаа до преднсот од 17 поени, но тврдиот гостински тим не се предаде. Напротив одигра одлично во одбраната и успеа да се врати во мечот, а имаше и шанса за победа во регуларниот дел од мечот.

Зонската одбрана на Феникс го наруши напаѓачот ритам на Работнички на почетокот на натпреварот, но ‘виолетово-жолтите’ не ги служеше шутот за да направат значајна предност. Како што одминуваа минутите домаќините преку Џексон ја стабилизираа својата игра, а изедначеното темпо во кое двата тима го менуваа водството продолжи до крајот на првите десет минути (25-22). Работнички успеа да го задржи добриот моментум и на отварањето на вторите десет минути. ‘Црвено-белите’ лесно креираа предност во нападот, го заштитија рекетот и ја користеа предноста во висина во своја полза, а па преку сигурната реализација стигна и до предност од +17 (46-29). Сепак пред самиот крај на првото полувреме Феникс успеа да ја стабилизира својата игра, а со зонската одбрана повторно да го запре ритамот на Работнички. Гостите најдоа и пробив во рекетот па до полувремето ја сведоа негативата на едноцифрена (50-41).

Добрата одбрана беше адут на Феникс на отварањето на второто полувреме, а со шутот за три поени избраните на Дервишевиќ дополнително ја намалија негативата и ја вратија резултатската неизвесност. За разлика од првото полувреме, овој пат и Работнички брзо го исполни бонусот, па преку линијата за слободни фрлања гостите стигнаа до негатива од само еден напад (57-54), но не и да стигнат до изедначување. Работнички со добар проток на топката стигна до лесни поени, ја зацврсти одбраната и ја врати двоцифрена предност која остана на семафорот и по 30. минути игра (69-59). Со пресингот по цел терен Феникс успеа да ја преполови негативата уште на почетокот на последните десет минути, а и покрај тоа што Работнички успеаваше да најде решение на спротивната страна, со серија на тројки на Димитриески гостинскиот состав стигна до негатива од еден напад (82-80), а потоа преку Митревски и го превзема водството (82-83). Мацура успеа да донесе изнедачување (83-83) со реалзација на едно слободно фралање, а овој резултат остана на семафорот до крајот на регуларниот дел и покрај тоа што гостите имаа две шанси за реализација на самиот крај.

Работнички кој за четири минути во регуларниот и минута во продолжението постигна само два поени фати ритам во вистински момент па преку Мустафица и Даниловски поведе со 89-84, но избраниците на Симиќ не успеаја да ја задржат предноста. Тајм-аутот на Дервишевиќ вроди плод, а Феникс експресно ја анулираше преноста на домаќините за нова трилер завршница. При резултат 91-90, Феникс не реализираше во нападот, а со 13.6 секунди до крајот на линијата за слобони фрлања застана Џексон кој беше половичен во реализацијата. Гостите имаа напад за ново изедначување или пак водство, но со прекршок во напад беше ставен крај на средбата.

Емерсон со 18 поени и 10 асистенции го предводеше Работнички.,а него го следеше Мустафица со 16 поени го предводеа Работнички. Кај Феникс, Андреј Митревски имаше одлична партија завршувајќи со 26 поени, Амар Хот додаде 17 поени и 5 скока. Со 15 поени и 5 скока натпреварот го заврши Двејн Морган.

Се вчитува...