Тринкиери го напушта Партизан?

Тренерот на Партизан Андреа Тринкиери би можел да го напушти Партизан. Иако актуелниот договор на Италијанецот му е со важност во следните три години, сепак тој има клаузула со која може да го напушти клубот.

Одлуката тој ќе ја донесе на 20. јули, а за неговите услуги најзагреан е грчкиот Панатинаикос кој верува дека искусниот стратег може да го врати клубот на старите шампионски патеки. Тринкиери на клупата на црно-белите седна во 2018 година, а со тимот двапати го освојуваше Купот на Србија, а беше победник и во суперкупот во АБА лигата.

Се вчитува...