Тринкиери ќе го замени Атаман на клупата на Анадолу Ефес

Поранешниот тренер на Партизан и сегашен на Баерн Минхен, Андреа Тринкиери е главен кандидат да го презеде кормилото на актуелниот европски шампион Анадолу Ефес. Турскиот тим остана без тренер по заминувањето на Ергин Атаман во Панатинаикос, а решението ќе биде најдено во Минхен.

Баерн Минхен веќе го договори доаѓањето на Пабло Ласо, кој исто така беше кандидат за турскиот тим заедно со Чави Пасквал. На крајот изборот падна меѓу Тринкиери и Сферопулос.

Меѓутоа како што пренесуваат турските медиуми, Тринкиери е во предност и преговорите се во завшрна фаза.

Се вчитува...