Тринкиери „украде“ уште еден кошаркар на Партизан (ФОТО)

Доскорешниот кошаркар на Партизан, Огњен Јарамаз е нов член на Баерн Минхен, објавија Германците. Јарамаз во баварскиот клуб стигнува по истекот на договорот со Партизан, а и покрај тоа што „црно-белите“ сакаа да го задржат перспективниот играч во своите редови пресуди настапот на минхенскиот клуб во Евролигата.

Јарамаз во Баерн Минхен повторно ќе соработува со италијанскиот стратег Андреа Тринкиери кој го препозна потенцијалот на Србинот кога беше прв тренер на Партизан.

Се вчитува...