Трио засилувања за Академија Пандев

Академија Пандев продолжува со ремонтот најавен за зимава, Александар Васоски веќе седна на клупата на струмичкиот прволигаш, а сега почнаа да се реализираат и најавените промени во играчкиот кадар.

„Пандевци“ денеска го официјализираа доаѓањето на три нови засилувања, потпишувајќи договори о Коста Манев, Марко Јовановски и Николче Шаркоски.

„Први засилувања се централниот дефанзивец Коста Манев, голманот Марко Јовановски и офанзивното крило Николче Шаркоски. Три играчи кои ќе го донесат потребното искуство на младиот тим. До почетокот на припремите екипата ќе се докомплетира со уште неколку засилувања“, објави струмичкиот клуб.

Редовите на Академија Пандев во однос на тимот од првиот дел од сезонава веќе ги напуштија Марио Маслаќ, Кристијан Трапаноски и Милан Томиќ.

Се вчитува...