Трипл-даблот на Дончиќ недоволен за победа на Далас

Лука Дончиќ забележа нов трипл-дабл учиниок, овој пат од 31 поен, 16 скока и 10 асистенции, но истиот не беше доволен за неговиот Далас да слави против Оклахома. Маверикс имаа предност од осум поени во завршните две минути, но успеаја истата да ја испуштат, а во продолжението Тандер славеше со 111-117.

Одличен натпревар одигра и црногорскиот центар Никола Вучевиќ, но дабл-даблот од 23 поени и 19 скока исто така не беше доволен за победа на мечот против Филаделфија. До триумф од 109-114 гостите ги предводеше Џоел Ембид со 25 поени, 7 скока и 4 асистенции.

Во останатите натпревари:

Сакраменто – Мајами 119-113
Шарлот – Голден Стејт 120-113
Бруклин – Индијана 116-125
Милвоки – Атланта 123-115
Јута – Мемфис 124-123

Се вчитува...