Триумф на Блокотехна против Гостивар на стартот од Суперлигата

Блокотехна успешно ја стартуваше Суперлигата со гостинска победа над Гостивар при конечни 70-80. Гевгеличани од старт ја преведоа контролата на мечот и го одржуваа водството во своја корист во текот на целата средба. Тимот на Марјан Србиновски се обиде да избегне пораз пред своја публика, но не можеа ништо да напшрават против шутерски расположените Бенџамин и Ѓуровски.

Предноста од 25-17 по првите 10 минути се покажаа како клучни за победата на Блокотехна. Гостите си ја олеснаа работата по освојувањето на првиот период и потоа имаа задача само да сочуваат предноста, што истото го направија. Сите обиди на Гостивар за пресврт пропаднаа во вода, па така на крајот Блокотехна забележа сигурна победа.

Двејн Бенџамин заврши со 25 поени и се итакна како најефикасен кошаркар на Блокотехна, Мијатовиќ додаде 17, Казарновски 14 поени, додека Ѓуровски заврши со 12 поени сите постигнати од линијата за три. Андреј Магдевски беше најрасположениот кошаркар на Гостивар со 20 поени и шест скока, Зекири постигна 15 поени и седу скока.

Се вчитува...