Триумф на мажите, пораз на жените на последниот ден од ЕП

Македонските селекции имаа половичен ефект последниот ден од ЕП во ракомет во плажа што се одржуваше во Полска, а во кој нашите репрезентациии се бореа за избегнување на „фенерот“.

Машкиот состав успеа да побегне од последното место откако во денешниот дуел триумфираше над Црна Гора со 2-0 во сетови. Разликата во квалитет беше очигледна во првиот сет што Македонија го доби со убедливи 26-9, за потоа во вториот сет нашиот национален тим да триумфира со 28-22, за пласман на нашата селекција на 19. место во машка конкуренција.

Жените на крајот го освоија 20. место откако во денешниот дуел загубија од Кипар со 0-2. Иако стануваше збор за ривал кого нашите ракометарки го совладаа во рамките од втората фаза, тие денеска одиграа под своите можности и загубија со 0-2 во сетови.

Јасно е дека пласманот на ова ЕП е разочарувачки, но мора да се потенцира дека ракометот на плажа се враќа „во мода“ во Македонија по пауза од неколку години. Очигледно е – мора многу понапорно и посериозно да се работи за во иднина нашите селекции да стигнат до подобри резултати на континенталните собири.

Се вчитува...