Фудбалерите на Шкупи успешно ги стартуваа контролните натпревари во Турција, откако славеа на денешниот премиерен меч против Челик од Зеница со минимални 1-0.
Тренерот Умит Каран ја искористи можноста за да експериментира составот, во ситуација кога неколку првотимци го напуштија Шкупи, давајќи им шанса на дел од помладите играчи, како и на новите засилувања. Македонскиот прволигаш го почна овој натпревар со следните единаесетмина: Мифтари, Георгиевски, Адили, Илиевски, Исмаили, Дамбо, Бајрами, Исени, Серџо, Гудиаби и Јурина.
Единствениот погодок беше дело на Гудиаби, кој со прекрасен удар од триесетина метри го матираше голманот на Челик.
Шкупи следниот пријателски натпревар ќе го игра на 2 јули против украински Мариопол, а за два дена подоцна е закажана пресметката со Политехника од Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА