Триумф во финалето, титула и историја за Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ја освoи петтата титула на Мастерсот вo Рим победувајќи го во финалето Диего Шварцман со 2-0 во сетови и дојде до 36 титула од мастерс-турнирите со тоа му побегна на Рафаел Надал за еден трофеј во оваа категорија и е самостоен лидер според бројот на освоени пехари од најголемите турнири по грен-слем серијата.

Ѓоковиќ влезе лошо во пресметката со Шварцман, губеше и со 0-3 во гемови во воведниот сет, но експресно се врати во сетот, израмни, а потоа по голема борба и успеа да поведе со 1-0 и да добие со 7-5. Во вториот сет Ѓоковиќ лесно дојде до 5-3 и три меч топки, пропушти две, но не дозволи да ја испушти и третата шанса и го затвори дуелот во нешто помалку од два часа.

Се вчитува...