Триумф за Дарко Велковски, гол за Ејупи

Дарко Велковски со Ријека го доби дербито за втората позиција во хрватскиот шампионат против Осијек на Музафер Ејупи. Ријека славеше со 3-1, но Ејупи се запиша во листата на стрелците. Тој го постигна единствениот гол за Осијек во 82.минута од средбата.

Претходно, Халиловиќ и Лепињица донесоа водство за Ријека од 2-0, Ејупи намали, меѓутоа во 86.минута Пуљиќ донесе конечен триумф за Ријека на овој дуел.

Во финишот, во составот на Ријека се појави и Милан Ристовски.

Се вчитува...