Триумфален амбиент: Широки насмевки, позитивни емоции на првиот тренинг по Италија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Широки насмевки, триумфален амбиент, максимални позитивни емоции на првиот тренинг на македонската репрезентација по враќањето од Италија.

Сосема очекувано, тренингот беше пратен од позитивни вибрации, како вовед во финалните подготовки за тоа што националниот тим го очекува во Порто на 29. март. Меѓу најрасположените за шеги, како и секогаш, Барди, Елмас и Џани Алиоски.

И портпаролот на ФФМ и фудбалската репрезентација, Златко Андоновски, во позитивно расположение а ‘моторизиран’ во желбата за побрзо завршување на неопходните активности пред утрешното заминување за Порто.

Согласно програмата на стручниот штаб утре во утринските часови ќе биде одработен уште еден тренинг во Скопје, од затворен тип, а потоа од 17:30 часот со чартер лет е предвидено заминување за Португалија.

 

 

Се вчитува...