ТРКА КОЈА ЌЕ СЕ ПАМЕТИ: Хамилтон ја доби „жешката“ битка со Ферстапен во Саудиска Арабија

Луис Хамилтон е победник на трката за ГН на Саудиска Арабија во највозбудливата трка во последните неколку години во Ф1 шампионатот. Хамилтон и Ботас поведоа во трката, аоткако Шумахер заврши во ѕид, излезе безбедносното возило, и црвено знаме што значеше прекин на трката.

Ферстапен во паузата ги смени гумите и се најде пред Хамилтон и Ботас, а вториот старт донесе голема драма. Хамилтон го претрка Ферстапен кој излезе од патеката спротивно на правилата, го врати првото место, а Хамилтон падна на третата позиција. Во меѓувреме дојде до нов судар, а се откажаа Перез, Мазепин и Расел, па повторно е употребено црвено знаме.

После тоа следеа нови преговори меѓу ФИА, а договорено е во новиот „рестарт“ Ферстапен да стартува зад Хамилтон. После третиот старт Ферстапен одлично стартуваше и се проби на првото место. Хамилтон цело време го притискаше Ферстапен, а неколку пати повикано е виртуелно сигурносно возило се до 41. круг кога дојде до нов дуел.

Хамилтон го престигна Холанѓанецот, но Ферстапен ја скрати кривината, па се врати на првото место, а потоа беше принуден да му го препишти првото место. Возачот на Мерцедес доби и дополнителен поен поради најбрз круг, па така во последната трка ќе влезат со ист број бодови – 369,5 бодови. Одлучувачката трка ќе се вози во Абу Даби.

Се вчитува...