Трка со времето: Елмас чека резултати од најново тестирање, има шанси да игра со Јувентус

Елиф Елмас одново е тестиран на коронавирусот, откако утринскиот брис покажа позитивен тест на коронавирус. Се претпоставува дека тој е „лажно позитивен“, соопштуваат од докторскиот тим на Наполи.

Токми поради тоа се земени нови брисови на Елмас и на уште еден фудбалер, па се чекаат резултатите. Ако излезат негативни, тогаш Елмас би можел да игра вечерва со Јувентус во Торино во 20:45 часот.

Во секој случај македонскиот репрезентативец е во трка со времето, за да стигнат навреме резултатите и ако е негативен, тогаш може да конкурира за настап.

За потсетување, Елмас вчера се врати во Неапол, по двата негативни теста во Македонија. И по пристигнувањето неговиот тест беше негативен.

Се вчитува...