Трка за „златната копачка“: Меси пред Кавани, Игуаин, Џеко …

Се вжештуваат трките за титулите во лигите ширум Европа, а уште поинтересна станува пресметката за „Златната копачка“ за најдобриот стрелец во лигите низ Стариот континент. Согласно утврдените пропозиции, секој гол во Топ четири лигите во Европа вреди два бода, а оние нешто послаби шампионати вредат 1,5 бодови по постигнат гол.

Според ваквото рангирање, на првото место на табелата се наоѓа Лионел Меси со 40 бода за 20 постигнати погодоци во Примера дивизион. Најмногу голови во една лига во Европа моментно има Единсон Кавани, со 26 постигнати гола во францускиот шампионат. Проблем за Уругваецот е што француската лига не е рангирана во Топ 4, па токму затоа Кавани има 39 бода зад своето име. Зад членот на ПСЖ се наоѓаат Игуаин, Џеко, Левандовски, Обамејанг и Белоти, кои имаат постигнто по 19 гола.

Интересно, за Кристијано Роналдо нема место во Топ 10, откако португалскиот ас сезонава постигна „само“ 16 погодоци за Реал во Примера дивизион.

zlatna kopacka2

Се вчитува...