Трката за Суперлига и борбата за опстанок продолжуваат во Аеродром

По двата натпревари кои беа одиграни вчера, прволигашката кошарка денеска со два нови меча со кои ќе се заокружи богатата кошаркарска викенд програма која започнува од 16:15 часот во СЦ „Јане Сандански“ каде МЗТ Скопје 2 ќе го пречека ТФТ.

Новалијата во првата лига на натпреварот влегува во фаворитска улога, додека избраниците на Даскаловски ќе се обидат да стигнат до ново изненадување. Тимот од Тафталиџе се наоѓа во поволна позиција и со 11 победи во 15 одиграни натпревари е на добар чекор да избори опстанок меѓу најдобрите клубови и следната година.

За разлика од „црно-белите“, на младинскиот состав од Аеродром му претстои долга битка за изборување на опстанок во „елитата“ и следната сезона. „Шткчињата“ по 16. одиграни натпревари имаат четири победи, па секој нареден триумф е чекор поблику до остварување на целата.

Првиот натпревар помеѓу овие два противника оваа сезона му припадна на ТФТ ќе биде интересно да го видиме одговорот на „штркчињата“ во одбрана на домашниот терен.

Се вчитува...