Трнливиот пат на Габриел Хесус: Пред три години ‘фарбал’ улици, сега е ѕвезда во Манчестер сити

На Габриел Хесус му беа потребни само неколку месеци за да ги придобие симпатиите на англиската јавност, откако во првите десет средби во Премиер-лигата младиот Бразилец постигна седум гола за Манчестер сити, додавајќи и четири асистенции.

Сепак, неговиот фудбалски пат беше трнлив ако се знае дека до пред три години Хесус воопшто не беше професионален фудбалер, туку заработуваше на друг начин. Така, сега 20-годишниот голгетер за време на СП 2014 бил задолжен хонорарно да ги бои улиците во својот град Сан Паоло.

Тој не се срами од своето минато, напротив, се гордее од патот зад себе, па токму Хесус на својот твитер профил објави фотографија од себе како бос си ја врши работата што му е дадена.

Боејќи улица за СП 2014“ – напиша Хесус крај својата фотографија.

Набрзо потоа тој блесна во младинските категории, се наметна и во сениорскиот фудбал покажувајќи го сиот свој потенцијал, по што за 33 милиони евра од Палмеираш беше продаден на Манчестер сити.

Се вчитува...