Трофеј број 14 во кариерата на Александар Зверев

Александар Зверев успеа да стигне со 14. трофеј во кариерата откако триумфираше во финалето во Акапулко со 2-0 против Гркот Стефанос Циципас.

Зверев имаше пет порази на последните пет дуели со Циципас, но во синоќешното финале одговори на предизвикот, одигра најдобро кога беше најважно и на крајот заслужено триумфираше со 6-4, 7-6. Гркот има за што да жали бидејќи одлично го отвори мечот, поведе со 3-0, а при 4-1 имаше и три брејк топки за целосно да го скрши отпорот на Зверев. Германскиот тенисер успеа да се врати, направи целосен пресврт и на крајот да го крене победничкиот пехар.

Ова беше прва победа на Зверев над Циципас уште од 2018 година, а и покрај освоениот пехар Германецот ќе остане на седмото место на АТП-листата, но сега само со 305 бода заостанување зад Роџер Федерер.

Се вчитува...