ТРОГАТЕЛНА ПРИКАЗНА ОД КАВАДАРЦИ: Вчера почина мајката на Бразилецот Нето, но сакаше да игра и денеска херој со гол за Тиквеш! (ВИДЕО)

Трогателна приказна од Кавадарци во која во главната улога е Бразилецот од редовите на Тиквеш, Робертињо Нето. Семејна трагедија имаше Нето во текот на вчерашниот ден која силно го потресе, но и покрај тоа денеска собра сили, играше за кавадаречкиот прволигаш и на крај со постигнат гол беше херој за својот тим во победата над Работнички.

Во текот на вчерашниот ден Нето доби вести дека починала неговата мајка, поради што веќе го планира своето заминување во Бразил. Но, да не биде трагедијата само на тоа, доцна синоќа во болница неочекувано завршила и неговата сопруга, поради што Нето бил веќе целосно скршен без можност за настап на денешниот натпревар.

Сепак, при денешните редовни консултации со шефот на стручниот штаб, Ѓорѓи Мојсов, Нето, на воодушевување на сите во клубот, искажал подготвеност да игра за Тиквеш ако се знае дека за кавадарчани секој бод е важен во битката за опстанок.

Нето излезе на терен и во 17. минута ефектно го постигна првиот гол на Тиквеш за водство од 1-0. Погодокот, посветен на неговата мајка, очекувано го одбележа со погледи кон небото и солзи, низ нескриен емотивен момент меѓу играчите на Тиквеш…

Се вчитува...