Трогателна животна приказна на ѕвездата на Баерн: „Тато, еден ден ќе ме гледаш на ТВ…“

Извонредните Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд на вчерашната дерби-пресметка меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ги засени 19-годишниот Алфонсо Дејвис.

Талентираниот лев бек одигра одличен натпревар, потврдувајќи го уште еднаш својот потенцијал. Но, најважно за него е што ниту вчера не ги разочара своите родители на кои уште како дете им дал ветување кое сега го исполнува. На теренот вчера имаше 42 спринта, со трк и од 42 километри на час. По мечот Томас Милер на шега го нарече „нашата брза птица итрица“.

Дејвис е роден во Будамурама, во Гана, има канадски пасош а по потекло е од Либерија. На „Алијанц арената“ го донесе Хасан Салихамиџиќ по една турнеја во САД оценувајќи дека се работи за еден од најдобрите во својата генерација.

А, Алфонсо со себе носи трогателна животна приказна. Дебеа и Викторија Дејвис на свет го донеле во бегалски камп во ноември 2000 година откако едвај ја преживеале граѓанската војна во Либерија. Во Гана минале пет години по кампови и логори, за да следи бегство во Канада и навикнување на нов континент и нов живот. Алфонсо им помагал и на родителите да се грижат за помалите брат и сестра.

Но, како животот носи нови можности Дејвис искористил една од нив. Благодарение на својата брзина отскокнувал од врсниците, па Канаѓаните кога виделе дека се работи за огромен фудбалски талент веднаш му дале државјанство, а за А селекцијата дебитираше на 16 години. Со доаѓањето во Баерн, потоа, е прекомандуван на позицијата лев бек, и од октомври до вчера запиша 20 настапи во Бундеслигата. Едноставно, стана незаменлив дел од баварскиот тим.

„Кога ќе се сетам каде бевме, каде почнавме и каде сме денес, седам во мојата дневна соба и го гледам како игра, ми се чини дека сонувам. На секој негов натпревар плачам од среќа пред телевизорот“ – вели неговата мајка Викторија.

„Кога играш фудбал знаеш дека можеш да загубиш натпревар и да се вратиш дома. Но, кога преживуваш војна и те стигне куршум, не си сигурен дека некогаш ќе се вратиш дома. Минавме многу трауматични денови, години, затоа сега сме пресреќни за Алфонсо“ – вели таткото Дебеа, кој се потсетува на една случка со Алфонсо од детството.

„Алфонсо како малечок не гледаше постојано уплашени, загрижени. Стравувавме за нашите животи, се обидувавме само да преживееме. Па, тој некако како да сакаше да не утеши, постојано ми повторуваше: ‘Тато, не се грижи. Ќе успееме заедно ќе видиш, еден ден ќе станам славен и ќе ме гледаш на телевизија’“ -низ солзи раскажува таткото на Алфонсо Дејвис, кој ветеното сега дефинитивно го исполнува. Сега е еден од најдобрите бекови на денешницата.

Се вчитува...