Трогателно – Дефо го истетовира името на момчето што се бореше за живот

Емотивната приказна за пријателството на англискиот фудбалер Џермејн Дефо и момчето Бредли доби уште една страница. Момченцето кое беше голем навивач на Сандерленд за кој настапуваше Дефо, почина од редок облик на рак. Пред тоа тие станаа добри пријатели и речиси до последниот ден го поминуваа времето заедно, а Дефо покажа колку има големо срце.

Во меѓувреме Дефо од Сандерленд се пресели во Бурнмаут, но никогаш не го заборави својот мал пријател и неговата тажна судбина и знак на сеќавање на нивното пријателство го истетовира неговото име на раката.

„Многу ми е тешко…Ужасно долго го држам ова во себе. Се обидов да бидам јак поради себе и поради неговото смеејство кое е прекрасно, но не можам да опишам како се чувствувам. Кога го видов прв пат, не можев да повреувам дека е толку болен бидејќи тој дотрча до мене. Се поврзавме во истиот момент“ – велеше тогаш Џермејн Дефо.

Кога се случи болната разделба, англискиот напаѓач со писмо се прости од својот мал пријател.

Тешко е да се најдат зборови за да опишам колку многу ми значеше тоа дете. Начинот на кој го избовараше моето име, неговата насмевка кога му приоѓаше камерата да го сними како мала суперѕвезда. Твојата храброст ќе ме инспирира до крајот на ѓживотот. Ме смени како човек. Бог те има во своите раце, но јас те имам во моето срце. Спиј мирно мој мал најдобар пријател“ – напиша фудбалерот.

Се вчитува...