Трогателно – Навивачите го изненадија Михајловиќ веднаш откако откри дека има леукемија (ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ објави денеска на прес-конференција дека боледува од леукемија па пред него е долга битка со најголемиот предизвик во животот.

Михајловиќ за време на целата прес-конференција беше на работ на солзи, во неколку наврати нгардуван и со аплаузи од присутните новинари. Кога заврши со обраќањето се поздрави со новинарите, а тие му се оддолжија со овации.

Но, тоа што беше навистина воодушевувачки е гестот на навивачите на Болоња кои собрани пред зградата каде се одржуваше прес-конференцијата повеќе од два часа го чекаа Синиша Михајловиќ кај неговиот автомобил. Кога пристигна го поздравија со овации и постојано скандирање дека ќе ја издржи оваа битка…

Се вчитува...