Троицки до судијата: Некој пуши трева, зар не чувствуваш?

Српскиот тенисер Виктор Троицки на турнирот на кој настапува во Бордо му се пожали на главниот судија, дека некој од публиката конзумира марихуана.

Троицки настапуваше на челенџерот во Франција, а во првото коло играше со Николас Маху. Во текот на мечот Србинот му се приближи на судијата жалејќи му се како чувствува мирис на марихуана.

„Некој пуши трева. Не ли чувствуваш?“, го праша Троицки главниот судија кој подоцна му ги потврди сомневањата.

Троицки го доби мечот против Мау, но во второто коло загуби од неговиот сонародник Џо Вилфрид Цонга.

 

Се вчитува...