Тројца асови дадоа хет-трик, но ниту еден од нив не е „играч на колото“ во ЛШ

Во претходните денови бевме сведоци на одлични ефикасни натпревари во рамките од второто коло во Лигата на шампионите, во кои дури тројца фудбалери стигнаа до хет-трик, и тоа Нејмар против Црвена звезда, Един Џеко против Плзен и Пауло Дибала на мечот Јувентус – Јанг бојс.

Интересно, ниту еден од овие тројца не се закити со признанието за „играч на колото“, награда што завршува во рацете на Лионел Меси.

Аргентинецот одигра извонредно на гостувањето против Тотенхем, постигнувајќи два гола, асистирајќи при еден погодок за Барса, а воедно и два пати погодувајќи го дирекот од голот на Љорис, што според УЕФА беше доволно за да го обезбеди признанието пред Нејмар, Дибала и Џеко.

Се вчитува...