Тројца финалисти: Меси против Халанд и Де Бруине за „круната“ на УЕФА

УЕФА денеска ја објави листата од тројца финалисти, од кои само еден ќе биде избран за „Фудбалер на годината“, на церемонијата што ќе се одржи на 31 август за време на ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите. Лионел Меси, кој стана светски првак со Аргентина, за ривали ќе ги има Ерлинг Халанд и Кевин де Бруине, кои станаа европски клупски прваци со МАнчестер Сити.

Како пто информираат од УЕФА, примарниот поширок список бил избран од комисија на УЕФА врз основа на настапите на фудбалерите на клупски и на репрезентативен план. Потоа, од фудбалерите на тој список беше гласано од страна на селекторите на земјите членки на УЕФА, спортки новинари, како и од тренерите на сите екипи од групната фаза во Лигата на Шампионите, Лигата на Европа и Конференциската Лига на УЕФА.

Покрај тројцата финалисти, гласови уште добија и: Илкај Гундоган (129), Родри (110), Килијан Мбапе (82), Лука Модриќ (33), Марсело Брозовиќ (20-), Деклан Рајс (14), Алексис Мекалистер (12) и Хесус Навас (6).

Пеп Гвардиола е апсолутен фаворит за признанието тренер на годината, за кое стратегот на Манчестер Сити за ривали во финалниот избор ќе ги има Лучијано Спалети и Симоне Инзаги.

Се вчитува...