Тројца кошаркари на Фенербахче позитивни на коронавирус

Тројца кошаркари на Фенербахче се позитивни на коронавирус, беше објавено вечерва откако во текот на денот беше обелоденето дека целиот тим на поранешниот европски првак бил тестиран, по што сите кошаркари, членовите на стручниот штаб и на управата заминале во самоизолација.

Грчкиот репрезентативец Костас Слукас е позитивен на ковид-19, а покрај него позитивни резултати стигнале и за тестовите на центрите Јан Весели и Ахмет Дувериоглу. Покрај тројцата кошаркари, позитивен на коронавирус е и тим-менаџерот на Фенербахче, Ченк Ренда, кој веќе бил примен и во една од клиниките во Истанбул.

Во текот на минатата ноќ неколку кошаркари се пожалиле на симптоми од коронавирус, по што раководството на Фенер наредило итно тестирање на сите во клубот. Во меѓувреме, се следи ситуацијата во Тофаш и Бешикташ, тимови со кои Фенербахче се сретна во последните две кола, кога коронавирусот се ширеше низ Европа, но не беа одложени натпреварите од турскиот кошаркарски шампионат.

 

Се вчитува...