Тројца кошаркари на Њу Орлеанс Пеликанс позитивни на Ковид-19

НБА екипата на Њу Орлеанс Пеликанс објави како тројца нејзини кошаркари се позитивни на коронавирус и во моментов се наоѓаат во самоизолација. Пеликанс не ги објавија имињата на кошаркарите како би ја задржале нивната анонимност. Проблеми има и кај Денвер Нагетс кои ја затворија арената за тренинзи откако беше откриено дека два члена на клупскиот персонал кои требаше да патуваат со тимот во Орландо се исто така заразени.

„Кога ќе имаат два негативни теста по ред тогаш ќе може да се вратат во тимот, до тогаш ќе бидат во самоизолација“, изјави извршниот претседател на Пеликанс, Дејвид Грифин. 

Пеликасн пред прекинот на сезоната беа на скор од 28 победи и 36 порази, но се уште се во игра за пласман во плеј-оф. Сезоната во НБА треба да продолжи на 30. јули во Орландо на Флорида.

Се вчитува...