Тројца македонски тенисери поразени на стартот на ИТФ фјучерсот во Скопје

Тројца македонски тенисер денеска во 1. коло ги завршија своите настапи на ИТФ Фјучерсот вреден 25.000 долари кој се игра во Скопје.

Настапот на турнирот е искуство плус за македонските тенисер, кои главно преку „вајлд-карта“ добија можност за настап на главната ждрепка.

Амар Хусеиновиќ загуби од Украинецот Тимур Биелдугин во два сета со 1-6 и 2-6, Марко Стоилковски загуби од Лука Петровиќ од Велика Британија со 4-6 и 1-6, и Обрад Марковски во меч кој траеше два часа, не успеа против Србинот Лазар Војиновиќ, губејќи со 3-6 и 4-6.

Денеска во 1. коло треба да настапи и најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски кој, како четврти носител, ќе се соочи со Тибо Колсон од Белгија.

Се вчитува...