Тројца позитивни во селекцијата на Израел, откажан е мечот со Македонија

Најновите тестирања во израелскиот национален ракометен тим, покажаа тројца позитивни ракометари на коронавирусот, со што денешниот дуел против Македонија кој требаше да стартува во 18 часот е одложен.

Вчера овие две селекции имаа меч, со надеж дека вирусот нема да биде пренесен, на девет дена пред почетокот на Европското првенство. Тестовите на нашите репрезентативци и членови на стручниот штаб денеска сите беа негативни.

Натпреварите со Израел беа од затворен тип, без присуство на гледачи. Сите ракометари се имунизирани против вирусот Ковид-19, потврдија од федерацијата. Ракометарите и стручниот штаб ќе бидат тестирани и на 7-ми и 10-ти јануари. На 11-ти јануари репрезентацијата заминува во Дебрецен.

Многу селекции учеснички на ЕП имаат проблеми со позитивни случаи. Последна вест е дека Хрватска има двајца позитивни и тоа Лука Циндриќ и Домагој Дувњак.

Се вчитува...