Тројца Швајцарци на трактор поминаа 2.000 километри до Калининград

Во Хрватска досетливите фанови монтираа телевизор на трактор за да можат да ги следат натпреварите на својата репрезентација и додека работат. Но, тракторот стана тренд на ова СП откако тројца Швајцарци со него поминаа околу 2.000 километри за да ја бодрат својата репрезентација на натпреварот со Србија во Калининград.

Бит Штудер со двајца негови пријатели – Вернер Цимерман и Јозеф Вејер, со неговиот трактор тргнаа на епското патување до Калининград. За да ги поминат 2.000 километри до Швајцари до рускиот град каде што игра швајцарската репрезентација, им требаа 12 дена.

По европското патешествие со тракторот, Швајцарците вчера стигнаа до крајната дестинација за да можат денеска да присуствуваат на дуелот меѓу Швајцарија и Србија.

Црвениот трактор од 1964 година по 12-дневната одисеја од Луцерн до Калининград, вчера конечно беше паркиран на паркингот пред стадионот.

Штудер дошол на идеја да тргне на пат во Русија со својот музејски трактор кога Швајцарија обезбеди пласман на СП. И со помош на своите пријатели успеа да го релизира ова необично патување.

Се вчитува...