Ц. Звезда со сензационален трансфер, ги победи Барселона и Сити

Црвена Звезда договори сензационален трансфер. 18-годишниот јужнокорејски напаѓач Је-Геон Ким од Чонбук пристигнува во Белград.

Според информациите од Кореја, Ким ќе го потпише договорот до јуни 2031 година, а надоместокот е околу 430 илјади евра, плус и со 25% од идниот трансфер.

Изворите наведуваат дека Барселона и Манчестер Сити покажале интерес за Ким, но му понудиле место во развојните тимови. Младиот играч наводно ја избрал Звезда бидејќи проценил дека таму побрзо ќе добие шанса во сениорскиот фудбал.

Оваа година, Ким дебитираше за првиот тим на Чонбук и постигна еден гол на осум настапи, кој беше прогласен за гол на месецот во корејската лига.

Се вчитува...