Цаке: Навивачите на Шкупи покажаа дека ги имаат надминато проблемите со Шкендија

Екипата на Шкендија славеше на гостувањето на Чаир кај Шкупи со 0-2, и така се наметна како најсериозен кандидат за титулата во последните две кола од ПМФЛ. Со тоа за чаирскиот тим се чини остана само теоријата за првото место на крајот.

Kлисман Цаке одигра одличен меч на кој беше и стрелец, а по натпреварот изрази благодарност до навивачите на Шкупи поради фер-плеј навивањето.

„Благодарност до навивачите на Шкупи за фер-плејот кој го покажаа, покажаа култура и дека сите проблеми од претходните натпревари меѓу Шкендија и Шкупи се зад нас. Ова беше многу важен меч и важен триумф за нас. Влеговме со 100% посветеност, ги испочитувавме задачите од тренерот и така победивме. Почнав да давам голови кога најмногу е потребно, тоа ме радува“, изјави Цаке.

Се вчитува...