Фудбалерот на Шкендија, Клисман Цаке е сигурен дека црвено-црните од Тетово ќе се пласираат во четвртфиналето во Купот на Македонија.
Шкендија утре од 14 часот се соочува со Работнички во осминафиналето од најмасовното домашно клупско натпреварување, верувајќи дека ќе обезбеди место меѓу најдобрите осум екипи.
„Во моментов го оставаме на страна првенството и сме фокусирани на утрешниот натпревар во Купот. Доста добро го познаваме тимот на Работнички против кого се соочивме и во првенството. Дефинитивно одиме на пласман во следната рунда затоа што Шкендија цели на секој можен трофеј во земјата. И покрај тоа што ремизиравме во последниот првенствен дуел покажавме дека знаеме да возвратиме во секој момент, и дефинитивно ќе бидеме подготвени за утрешниот дуел во Купот“ – вели Цаке.
Дали Шкендија се подготвува и за евентуални пенали против Работнички?
„Поголема е веројатноста да го решиме мечот во регуларните 90 минути, знаејќи ја историјата која ја имаме со пенали каде немаме многу среќа. Се надеваме дека ќе го решиме во регуларните 90 минути“ – дополнува левокрилниот дефанзивец на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА