Царчев е тренер на голманите во репрезентацијата

Денешниот прв собир на репрезентацијата под водство на новиот селектор Раул Гонзалес ја разреши и последната дилема околу стручниот штаб, откако Александар Царчев беше вклучен во националниот тим како тренер на голманите. Долгогодишниот чувар на мрежата е изборот на Гонзалес за работа со репрезентативните голмани, па Царчев се појави на утринскиот прв тренинг на националниот тим.

Заедно со него присутен беше и Роберто Гарсија Парондо, поранешниот играч на Сиудад Реал кој сега ќе му биде прв асистент на Гонзалес во стручниот штаб на репрезентацијата.

Како што веќе информиравме, Парондо од следната сезона ќе му биде десна рака на Шпанецот и во стручниот штаб на РК Вардар, заменувајќи го Давид Дејвис.

Македонските ракометари утрово го имаат првиот тренинг како старт на подготовките за двомечот со Исланд, закажан за 4 и за 7 мај.

Се вчитува...