Цедевита Олимпија лесно против Сплит

Словенечка Олимпија без поголеми проблеми го совлада Спли со … во третото коло од регионалната АБА лига. Првото полувреме беше во егал па на полувреме домаќините заминаа со предност од само четири поени (42-38). Клучен во натпреварот беше третиот период во кој Олимпија постигна 39 поени, а прими само 14, а до крајот рутински го приведе мечот за втора победа во исто толку натпревари во регионалното друштво.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Џеред Џонс со 19 поени, а солидна партија прикажа и Кендрик Пери кој мечот го заврши со 16 поени. Кај поразените Луковиќ уфрли 12, додека Чампара еден помалку.

Се вчитува...