Цехте потпиша за Берлин: Ова ми е чекор напред во кариерата…

Нејц Цехте од денеска и официјално е нов член на Фухсе Берлин откако доскорешниот ракометар на Е. Пелистер потпиша договор со германскиот ракометен гигант.

Клубот од Берлин се соочи со проблеми поради серијата повреди, во фокусот веднаш се најде 33-годишниот Словенец, а откако беше договорена отштетата со македонскиот првак Цехте доби зелено светло за камбек во Бундес-лигата, каде претходно ги бранеше боите на Хановер.

Словенечкиот ракометар не го криеше задоволствотот по потписот на договорот, кој е со важност до крајот на оваа сезона.

„Со нетрпение очекувам да заиграм за овој голем тим. Возбуден сум за иднината и сакам да помогнам да се остварат целите што клубот ги има зацртано. За мене лично, ова е чекор напред во мојата кариера“, изјави Цехте.

Се вчитува...