„Цел фудбалски свет се плаши од Англија“

Поранешниот англиски репрезентативец Вес Браун со интересна изјава предизвика лавина на реакции во светот на фудбалот. Тој ја коментираше шансата на својата држава да стигне до трофејот на престојното Светско првенство кое се игра во 2026 година велејќи дека шансите се огромни.

Англија е без светски трофеј од 1966 година, но Браун верува дека оваа генерација конечно ќе го направи потребниот исчекор по фантастичната прикажана игра во квалификациите и импресивната гол-разлика од 22-0.

„Ние сме еден од тимот од кои треба сите да се плашат. Сега сме толку блиску и знаеме дека можеме. Луѓето ќе кажат „погледнете со кој игравте“ или „сите се многу подобри“, но тоа не е поентата. 

Погледнтете го квалитетот на тимот, тоа се сите докажани играчи кои немаат страв. Знаат што треба да направат, знаат каква е тактиката. Знаеме дека можеме бидејќи бевме блиску да го освоиме трофејот, тоа е дополнителниот чекор“, вели Браун.

Се вчитува...