Цел меч за Барди, нов триумф на Леванте и дефинитивно обезбеден опстанок… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди повторно беше стартер за Леванте во 35. коло од шпанската Примера, и повторно неговиот тим стигна до триумф, овој пат против Севилја од 2-1.

Леванте врза три едноподруго победи во Шпанија, а по одличната партија на претходниот дуел против Атлетик Билбао во која постигна и два гола од слободен удар, Енис Барди повторно доби шанса во првиот состав на тимот од Валенсија, сега одигрувајќи го и целиот натпревар.

Леванте поведе со голот на Роџер во 11. минута, гостите израмнија преку Фернандез во 16. минута, а Моралес со гол во 74. минута донесе триумф за составот на македонскиот фудбалер.

Леванте веќе и дефинитивно си го обезбеди опстанокот во Примера, со 12 бода предност на три кола до крајот пред тимовите кои се во зоната за испаѓање, Ла Коруња, Лас Палмас и Малага.

Се вчитува...