Цел стадион му свири на Бејл, но Зидан верува во Велшанецот

Герет Бејл одигра уште еден очаен натпревар во дресот на Реал Мадрид и заедно со Карим Бензема беше меѓу „најзаслужните“ што „кралевите“ не триумфираа на дуелот против Валенсија. Домашни фанови го исвиркуваа речиси секој негов допир со топката, а свирежите беа најгласни кога тој го напушташе теренот пред крајот на натпреварот.

Мадридските медиуми почнаа кампања за Флорентино Перез да искористи што може и да го продде Велшанецот веќе во овој преоден рок (Манчестер јунајтед е подготвен да плати 80 милиони фунти за неговите услуги), но тренерот Зинедин Зидан се уште му покажува безрезервна поддршка на својот фудбалер.

Бејл е клучен играч во нашата екипа. Герет е Герет, секогаш работи напорно и ние веруваме во него, како и во сите останати фудбалери. Играше добро, имаше убави шанси, но за жал не ги искористи. Ќе продолжиме да работиме на тоа, но јас не можам да ги критикувам моите играчи. Напротив, задоволен сум од сработеното на теренот, што за жал не беше крунисано со победа“ – изјави Зидан.

Се вчитува...