Цел свет говори за историската партија на Јокиќ, а тој…

Кошаркарите на Денвер Нагетс го вратија водството во финалната серија во НБА лигата (2-1) откако синоќа направија брејк на гостувањетот кај Мајами Хит со 94-109.

Брутална партија имаше неверојатниот Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции, учинок со кој стана првиот кошаркар на кого во финална серија му успеало да има повеќе од 30 поени, 20 скока и 10 асистенции.

На прес-конференцијата по мечот тој изјави дека не му е важна статистиката туку само победата на неговиот тим.

„Да бидам искрен, не ми е важна многу статистиката. Мило ми е што победивме на овој натпревар. Тоа беше многу важен натпревар за нас бидејќи победија во нашата сала и не сакавме да загубиме во серија два меча. Сега треба да победиме на следниот натпревар. Тоа е се што размислуваме и единствен начин да дојдеме до целта“, изјави српскиот центар.

Се вчитува...