Цел свет му се смее на Видал за изјавата пред мечот

Артуро Видал се вклопли во апсолутното сивило на Барселона на вчерашното четвртфинале со Баерн, но Чилеанецот денеска е во центарот на вниманието откако медиумите се потсетија на неговата изјава дадена пред мечот. Токму Видал се појави на прес-конференцијата како поранешен играч на Баерн кој сега го носи дресот на Барса, при што тој делуваше апсолутно сигурен дека каталонскиот гигант ќе се пласира во полуфиналето.

„Баерн Минхен нема да игра против некој си ривал од Бундес-лигата. Ќе игра против најсилниот тим на светот – Барселона“, изјави меѓу другото Видал.

По синоќешните 2-8, јасно е зошто денеска сеирот е насочен кон чилеанскиот ас во таборот на Барселона.

Се вчитува...