Цел тениски свет е шокиран – Никој не може да стапи во контакт со Шуај Пенг

Четирикратната гранд-слем шампионка, Наоми Осака истакна дека е премногу загрижена за Шуај Пенг со која никој не може да стапи во контакт од денот кога објави дека сексуално била злоупотребена од поранешниот премиер на Кина.

Во ВТА не се сигурни за веродостојнаста на писмата со кои Пенг се огласи, а шокиран со нејзиното исчезнување е и Новак Ѓоковиќ.

Пенг на социјалните мрежи објави дека сексуално било злоупотребена од поранешниот премиер на Кина, Жанг Гао Ли. Оттогаш ВТА и АТП тенисерите и даваа поддршка на Пенг, но ниту еден не успеа да стапи во контакт со неа.

„Неодамна бев информирана дека Пенг е исчезната откако објави дека била сексуално злоупотребувана. Цензурата никогаш не е добра. Се надевам дека Шуај е добра и на сигурно. Шокирана сум навистина од целата ситуација“, изјави Осака. 

Првиот човек на ВТА, Стив Симон вели дека немал контакт со Пенг, но дека од Тениската федерација на Кина го увериле дека таа се наоѓа на сигурно. На адреса на ВТА стигнато е и писмо кое наводно го напишала Пенг, а во кое стои дека лажна била веста дека таа била злоупотребена.

Се вчитува...