Цел тим на Митјиланд на гол-линија, Тадиќ го најде патот до мрежата (видео)

Ајакс во раната фаза од мечот веќе води со 0-2 на гостувањето против Митјиланд, Ентони го доведе холандскиот првак во водство од 0-1, пред вториот погодок во манир на голем стрелец да го постигне Душан Тадиќ.

Капитенот на Ајакс изведе индиректен удар од работ на петерецот, а буквално сите 11 фудбалери на Митјиланд се наредија на гол-линијата. Сепак, и тоа не го спречи српскиот голгетер, кој успеа да го најде патот до мрежата.

Тадиќ воопшто не требаше да настапи на денешниот меч бидејќи вчера не отпатува со тимот за Данска, но откако денешните нови тестови покажаа дека е негативен на Covid-19 тој неколку часа пред мечот им се приклучи на соиграчите.

 

Се вчитува...