Цел Вардар во десетдневен карантин

Од ракометниот шампион на Македонија, Вардар денеска објавија дека два члена се позитивни на коронавирус и поради тоа натпреварот кој требаше да го играат против ПСЖ во Лигата на шампионите е одложен. Поради позитивните тестови на два члена на клубот „вардарци“ во следните десет дена ќе мора да бидат во карантин, како страв од можно ширење на заразата.

Добра информација за Вардар е тоа што во овој период ќе биде одложен само натпреварот со Пари Сен Жермен бидејќи следува ЕХФ неделата. Поголем проблем се јавува во репрезентацијата на Македонија, бидејќи селекторот Данило Брестовац, откако веќе нема да може да смета на ракометарите на Металург, во овој прозорец нема да ги има ниту и ракометарите на „црвено-црните“.

Македонија во овој прозорец во квалификациите од Европското првенство треба да игра против Финска на 4. ноември на домашен терен и против Швајцарија на гости три дена подоцна.

Се вчитува...