Цела Фиорентина со последен аплауз за Астори (фото)

Целиот тим на Фиорентина предводен од тренерот Пиоли денеска се упати на местото пред стадионот „Артемио Франки“ каде навивачите во претходните 48 часа оставаа цвеќе и најразлични сувенири за спомен на прерано починатиот капитен Давиде Астори.

Солзите во очите кај голем дел од соиграчите беа очигледни, за на крајот да проследи аплауз, последен за 31-годишниот дефанзивец кој беше пронајден мртов во својата хотелска соба во Удине во неделата наутро.

Аутопсијата покажа дека станува збор за природна смрт предизвикана од срцев удар.

Се вчитува...