Цела Италија знае: Даниеле Орсато е „јувентино“

Фудбалската јавност во Италија е поделена околу делењето на правдата на судијата Даниеле Орсато на синоќешното дерби меѓу Интер и Јувентус (2-3). Тој уште на стартот го исклучи фудбалерот на „нероаѕурите“, Весино, а се чини дека во вториот дел требаше да му покаже втор жолт картон и на Пјаниќ, но не го стори тоа. Во самата завршница, „старата дама“ успеа со неверојатен пресврт да стигне до триумф, а Гонзало Игуаин го постигна победничкиот погодок.

Но, се појави и еден интересен момент. Судијата Даниеле Орсато е навивач на Јувентус. Тој во 2014 година добил на подарок и потпишан дрес од Џанлуиџи Буфон. Ова уште повеќе ќе ги запали страстите во Серија А, пред самата разрешница на сезоната.

Се вчитува...