Цела руска репрезентација под истрага за допинг?

Сите фудбалери кои беа дел од руската репрезентација на последниот мундијал во Бразил се под истрага за допинг, тврди британскиот весник „Дејли мејл“. Според овие информации, сите 23 репрезентативци од последно СП, заедно со уште единаесет професионални фудбалери од Русија, се наоѓаат на листата од над илјада „лица од интерес“ за кои постои сериозен сомнеж дека биле дел од „држано спонзорираниот допинг“, како што се нарекува во британските медиуми.

Скандалот со организиран допинг на бројни спортисти од Русија заврши со суспензии за истите, што придонесе оваа земја со значително намален број на претставници да отпатува на последните Олимписки Игри во Рио де Жанеиро.

Сепак, истрагата сега се проширува и врз дел од колективните спортови, при што обвинителите тврдат дека имаат докази за масовен допинг и во фудбалската репрезентација. Споуксменот на ФИФА во изјава за „Дејли мејл“ потврди дека „светската куќа на фудбалот ги истражува ваквите обвинувања“, па лесно може да се случи наскоро да дојде и до истрага против Руската Фудбалска Федерација.

Неизвесно е каква казна би можело да им биде изречена на Русите, особено во ситуација кога токму оваа земја е домаќин на претстојниот мундијал.

Се вчитува...