Целески потпиша двегодишен договор со албанска Теута

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Боби Целески својата кариера ќе ја продолжи во албанскиот суперлигаш Теута од Драч.

По разделбата со Македонија ЃП, 21-годишниот Целески се одлучи да ја прифати понудата на Теута денеска и официјално потпишувајќи двегодишен договор.

Македонскиот голман имаше понуда и од холандскиот второлигаш Мастрихт, но согласно амбициите ја одбра опцијата да биде прв голман во тимот на Теута.

Задоволен сум од договорот со Теута. Пред мене е нов интернационален предизвик во желбата за дополнителен фудбалски развој” – ни изјави Целески по потпишувањето на договорот.

Целески зад себе имаше одлична сезона водејќи ги ѓорчепетровци кон првото место во Втората лига и пласманот во Првата македонската фудбалска лига. Претходно во својата кариера има настапи и за Младост ЦД, како и за италијанскиот Гросето.

 

Се вчитува...